Спасовски: Итно ќе го разгледаме предлогот за влез во државата да биде задолжителен ПЦР-тест

by fokus

Техничкиот премиер Оливер Спасовски потврди дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПЦР-тест не постар од 72 часа.

Спасовски вели за овој предлог во најкраток рок ќе биде донесена одлука.

„Да, денеска има таков предлог од Комисијата за заразни болести, ќе го разгледаме во најитен момент и врз основа на тоа ќе донесеме одлука“, рече Спсовски.

Препораката на Комисијата е донесена утрово на состанокот на кој се разгледувала актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Поврзани новости