Од починатите од корона вирусот, над 82% имале хронична болест

by fokus

Во периодот 29 јуни до 5 јули регистрирани се 46 смртни случаи од Ковид-19, што е за 11 помалку од претходната недела. Најголем број од случаите се лица на возраст над 60 години (67,4 отсто). Кај 38 од смртните случаи (82,6 отсто) регистрирани се претходни коморбидитети, односно починатите имале и други заболувања.

Ова се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје. Во него се потенцира дека изминатат недела биле хоспитализирани се 113 лица или 13,4 отсто, што претставува намалување за четири отсто во однос на претходната недела.

Поврзани новости