Спасовски: Безмислената пропаганда нема да не спречи да спроведеме професионална истрага

by Фокус

-Бесмислената пропаганда и хаосот што се создава во јавноста нема да го спречи МВР, ниту мене како најодговорен во оваа институција да спроведеме професионална, кредибилна истрага, како што доликува на државен орган и да ги откриеме сите злоупотреби и сите аспекти поврзани со фалсификуваните лични карти, изјави на денешната пресконференција министерот за внатрешни работа, Оливер Спасовски.

Како што рече тој, личните карти се предадени во МВР и утврдено е дека се фалсификати, истрагата ја води Јавен обвинител и допрва ќе бидат објавувани информации.

-Општо познато е дека за фалсификувањето на пасоши и лични карти ова исто министерство повеќе од една година немаше отворено никаква истрага. За разлика од тој период јас веднаш по моето доаѓање започнав истрага. По пријава на неделникот „Фокус“, штом беа доставени материјалите лично покренав постапка. Ве потсетувам да обврнете посебно внимание на ноторниот факт дека на запленетите лични карти видливи се датумите на нивно издавање од 2009 и 2014 година. Исто така имињата и матичните броеви се точни, нема бегање од фактот дека се злоупотребени идентитетите на граѓантие на Република Македонија, а само државните институции поседуваат вакви податоци, објасни Спасовски.

Министерот не одговори директно дали бил во контакт со некој од осомничените и рече дека имал контакти со многу граѓани и од позиција на генерален секретар на СДСМ, но и сега од позиција на министер за внатрешни работи.

Поврзани новости