Скопјанец ранет од куршум додека работел на објект

by fokus

Вчера на пладне, скопјанец бил повреден во ногата од залутан куршум додека работел на објект во село Сарај.

„На 21.08.2019 околу 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Сарај,скопско, во објект во изградба, додека Д.З.(29) и Б.С.(63), двајцата од Скопје, работеле на објектот, Д.З. се здобил со телесна повреда на ногата од залутано зрно, но одбил да биде пренесен за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости