Чадиковски премина во „Аџибадем Систина“

by fokus

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го прошири својот тим со специјалистот по детска хирургија и супспецијалист по детска кардиохирургија, д-р Владимир Чадиковски.

„Со потпишувањето на договорот со д-р Чадиковски и благодарение на неговата експертиза, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се создадени услови за изведување на сите видови срцеви интервенции кај деца.

По потпишувањето на договорот на единствениот лиценциран кардиохирург за деца во земјава, д-р Владимир Чадиковски, со Клиничката болница „Аџибадем Систина“ очекуваме соодветна институционална поддршка од здравствените власти“, велат од „Систина“.

Поврзани новости