Шилегов: Ќе го ослободиме партискиот музеј на Груевски од лажната историја

by fokus

-Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, за кој се потрошени повеќе од 17 милиони евра пари на граѓаните, нема ништо за клучните датуми и ликови од македонската борба за државност и за самостојност- рече пред Музејот на жртвите на комунизмот Петре Шилегов од СДСМ, ден по одбележувањето на 75 годишнината од почетокот на Востанието и почетокот на антифашистичката борба во Македонија.

– Воопшто не се спомнува 11 Октомври, кој вчера го славевме како ден на народното востание и на борбата против фашизмот. Ги нема првоборците од 1941 година, првите партизански одреди, клучните битки во НОБ, во кои партизаните и партизанките се изборија за македонската држава. Од музејот се избришани создавањето на македонска народноослободителна војска, Февруарскиот поход, првите органи на народната власт. Оваа зграда не е Музеј на македонската борба за државност! Во оваа зграда антифашистите се претставени како крвници, а фашистите и нивните соработници како жртви на комунизмот- обвини Шилегов.

Тој додаде оти по 11 декември, „ќе го ослободат партискиот музеј на обвинетиот Никола Груевски од лажните херои и од лажната историја.”

Поврзани новости