61
На 08.05.2024 во 08.10 часот, на магистралниот пат Ќафасан – Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи.