Постигнат е цензус за претседателските избори: до 17 часот гласале 42,32 %

by Fokus

До 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 %, што значи дека е надминат цензусот од потрбните 40 отсто.

-Најголема излезност на претседателските избори има во Новаци 66,47% , а најмала излезност има во Липково со 6,48%, информира Александар Дашевски, претседател на ДИК.

Како што кажа Даштевски, тоа е зголемување од 7,19 отсто споредено со вториот круг од претходните претседателски избори, како и зголемување од 0,01 отсто споредено со првиот круг пред две недели.

За парламентарните избори, до 17 часот гласале 46,93 отсто од избирачите.

Најголема излезност на парламентарните избори има во општина Кривогаштани – 79,73 отсто, а најмала во општина Маврово-Ростуше – 22,93 отсто.

Поврзани новости