Трајанов: Се сомневаме дека четирите партии ќе ги одложат изборите

by fokus

Пратеникот и лидер на Демократски сојуз Павле Трајанов денеска изјави дека слушнал коментари дека четирите партии, потписнички на Договорот од Пржино, се договориле да нема избори на 11 декември.

Тој додаде дека неговата партија не е во тек и нема да поддржи вакви иницијативи.

Демократскиот сојуз денеска достави и Предлог-одлука со која се бараше Парламентот веднаш да се распушти, но предлогот беше отфлен а седницата за расправа за распуштање на Собранието е закажана за во понеделник.

Трајанов денеска ги поднесе до Собранието и предлозите за измени на законите што ги бара Специјалното јавно обвинителство. Предлог-измените за Законот за СЈО и Законот за заштита на сведоци се поднесени по редовна постапка.

Поврзани новости