(Видео) На Ќафасан спречен шверц на 53 килограми марихуана, наменета за Македонија

by Fokus

На граничниот премин „Ќафасан“, на албанско-македонската граница, екипи на албанскат полиција спречиле шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија.

„Станува збор за финализација на оперативна акција „Рестарт 17“, што нејзини тимови на во координација со тамошното обвинителство ја спроведувале пет месеци“ информираат од албанската полиција.

Во акцијата е уапсен 46-годишен жител на градот Корча, со иницијали Е.Г. кој го управувал возилото, марка „фолксваген“ во која била сокриена дрогата, поделена во повеќе пакувања.

Како доказен материјал, покрај марихуаната и возилото, полицијата запленила и два мобилни телефони.

Истрагата продолжува и понатаму за целосно документирање на случајот и откривање на евентуално други инволвирани лица во оваа криминална активност.

Материјалите од досегашната истрага со доказите се предадени на тамошното обвинителство.

Поврзани новости