ММБ: Шилегов прво нека го посети музејот, па нека обвинува

by fokus

Од Музејот на македонската борба за државност и самостојност реагираа на прес-коференцијата на Петре Шилегов од СДСМ, кој обвини дека во него нема ништо за клучните датуми и ликови од македонската борба за државност и за самостојност.

-Поставката на Музејот на македонската борба е изработена од еминентни универзитетски професори,  познати  музеолози, архитекти  и  други  стручни  лица, а во холот на установата може да се видат,  сцени во кои се отсликува борбата на  партизаните,  партизанските единици, одреди и бригади – стои во соопштението на музејот.

Од таму му порачаа на Шилегов прво да го посети музејот па потоа да обвинува, бидејќи како што тврдат, периодот од Народноослободителната војна бил целосно опфатен во музејот и прикажан во посебни одделенија.

Поврзани новости