(Видео) Се откачи рингишпил во Србија, најмалку 13 повредени, претежно деца

by Fokus

Најмалку 13 лица се повредени, од кои едно потешко, кога излета дел од конструкцијата на рингишпилот на панаѓур во Куршумлија.

– Екипите се на терен. Засега едно лице е во тешка состојба и со возило на брза помош итно е префрлена во Прокупље – изјави за Танјуг лекарот од Здравствениот дом Куршумлија, Славиша Дошовиќ.

Како што пренесе „Блиц“, едно дете било реанимирано и е во тешка состојба.

„Едно дете е во кома, 13-годишно девојче и неколку пати е реанимирано, уште две деца се со тешки повреди и со приватен автомобил се превезуваат во Ниш. Тие се брат и сестра. Во болницата во Прокупље згрижени се четири деца – вели извор на „Блиц“.

Вртелешката била поставена на платото кај автобуската станица, а МВР на Србија наведува дека полицијата и итната помош се на терен.

Досега во болницата во Прокупље влегле пет возила на Брза помош. Според неофицијални информации, повеќето од повредените се деца.

Поврзани новости