Роза освен во Собрание и на блага ракија кај Амди

by lali

Роза Топузова-Каревска освен во Парламентот ќе ја претставува опозицијата и на блага ракија кај внукот на Амди Бајрам, дознаваме од високи извори во Матично.

Бајрам веќе цела недела прави огромна забава за венчавката на својот внук, а на финалната прослава ќе има 10.000 сендвичи и исто толку сокчиња.

Каревска-Топузова, откако се вратила од флизер, на сопартијците од ЛДП им изјавила дека борбата за слобода и за демократијата се води на сите фронтови и оти не треба теренот да му се препушта на противникот.

„Канал 5“ ги има ексклузивните права за пренос на настанот Блага ракија кај Амди.

Поврзани новости