Родителите утре се враќаат на работа, властите засега не се предомислуваат

by fokus

Од утре родителите на деца до 10, како и оние чие породилно отсуство завршило, ќе треба да се вратат на работа. На денешната прес конференција, министерот Венко Филипче беше прашан дали оваа одлука можеби ќе се измени до вечер, поради најавеното влошување на состојбата, сепак тој не даде позитивен одговор.

-Го продолживме породилното отсуство за 6 месеци и сега таа мерка престанува да важи, зошто градинките се отворија. Не можеме да живееме затворени. Такви мерки беа на почетокот, а сега доколку се почитуваат протоколите ние ќе можеме да се избориме со оваа криза, рече Филипче.

Тој додаде дека не е точно дека сите хроничните болни се враќаат на работа, туку оние за кои лекар специјалист ќе оцени дека треба да бидат дома, ќе останат и тоа во следните 6 месеци, рече Филипче.

Поврзани новости