Цановска: Ни праќаа деманти пред да почнат вестите

by fokus

Поранешната новинарка, Катерина Цаноска- Арсовска, а сега вработена во Кабинетот на претседателот, во своето сведочење на судењето за “Таргет и Тврдина”, рече дека прислушувањето било удар за демократијата и врз нејзината работа и најави дека ќе бара отштета.

Додека работела во А1 телевизија се посомневале дека ги прислушуваат кога почнале да добиваат деманти за одреден прилог пет минути пред 19 часот, пред вестите, односно пред да биде емитуван.

Од шест броеви кои ги користела, четири биле прислушувани, околу 360 дена.

По неа сведочеше Младен Чадиковски, кој во периодот од 2008 до 2015 година работел во А1 и во Фокус. Тој вели дека прислушувањето било како јавна тајна, но немал докази за тоа пред да добие папка од СДСМ.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости