Родителите на мали деца, болните и бремените остануваат ослободени од работа и после вонредната состојба

by Фокус

Владата на денешната седница заклучи дека по престанувањето на вонредната состојба остануваат во сила мерките со кои се ослободуваат од работните обврски родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, хронично болните лица и бремените жени, самохраните родители…

Како што соопштија од владата, тие се ослободуваат од работни обврски, освен доколку е остварливо да ги извршуваат работните задачи од дома.

Исто така, на сила остануваат и сите мерки и протоколи опфатени во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот КОВИД-19.

Поврзани новости