Партиски брифинзи од лидерската средба: Мицкоски пред Заев побарал нов увид во избирачкиот список

by Фокус

После денешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски одбија да дадат изјави со цел да му дадат шанса на процесот за постигнување на договор околу изборниот датум.

Но, веднаш потоа од нивните партии – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги брифираа медиумите за причините поради кои не бил постигнат договор, префрлувајќи ја вината кон спротивната страна.

Од СДСМ брифираат дека Мицкоски воопшто не го споменал здравствениот аспект на кризата, туку, како што велат, се држел до правни прашања.

-Најпрово го отвори прашањето дали мисијата на ОБСЕ ОДИХР може да дојде веднаш и спорел дека ДИК нема доволно време – велат од СДСМ, додавајќи дека лидерот на ДПМНЕ барал и процесот со избирачкиот список да се врати на почеток во фаза на увид.

Од опозициската партија, пак, брифираат дека точно е дека партискиот лидер истакнал дека за кредибилен изборен процес потребен е увид во избирачкиот список и кредибилна мисија на ОБСЕ/ОДИХР, но побарал и гаранции за заштита на здравјето на граѓаните.

-Ние се залагаме за компромис кој е добар за државата и не прифаќање диктати од Заев кои би генерирале дополнителни кризи – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости