Рауфи: „Бомбите“ ќе ги откријат извршителите на грозоморното убиство кај Смилковско езеро

by fokus

Адвокатот на обвинетите во случајот „Монструм“, Насер Рауфи, по денешното рочиште изјави дека очекува прислушуваните разговори да ги откријат, како што рече, вистинските сторители на масакрот во кој беа убиени четири момчиња и возрасен маж.

Според Рауфи станува збор за повеќе разговори кои допрва треба да бидат изведени во доказната постапка.

-Мислам дека согласно изјавата на специјалниот јавен обвинител ќе се дојде до вистинските сторители. Она што е сигурно е дека овие обвинети не се сторители на овој настан. Пред да бидат изведени ќе имаме како одбрана прилика да ги слушнеме. Не го знам бројот на овие докази, мислам дека се работи за поприличен број. Мислам дека тие докази ќе дојдат до извршителите на овој грозоморен настан – рече Рауфи.

На денешното рочиште се преслушуваа разговори кои веќе беа изведени во постапката, пред случајот да се врати на повторно судење.

Поврзани новости