ФФМ потврди дека имало труење од храна на 11 деца од Академијата

by fokus
Портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски, на денешната прес-конференција, потврди дека имало труење со храна на деца од Академијата и еден физиотерапевт.
„Потврдуваме дека има труење од храна на 11 деца и еден физиотерапевт. Децата имаа ручек и вечера во ресторанот Гала кујна, и откако се покажаа симптомите веднаш ги испративме во Неуромедика. Испитувањата покажаа труење од храна по што веднаш го раскинавме договорот со снабдувачот „Гала кујна“. Во првиот случај, во август кога имаше симптоми за труење, лабараториските испитувања не потврдија дека се работи за труење од храна и затоа тогаш не беше раскинат договор со „Гала кујна“, туку сега“. Децата сега се хранат во други ресторани, конкретно имаа оброк во „Дукат“ и во „Џино“, а во меѓувреме гледаме да се договориме со друг снабдувач на храна“,изјави портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.

Поврзани новости