Променливо облачно време со слаб југоисточен ветер

by fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно понекаде во котлините со магла, а на истокот со сончеви периоди.

Ќе дува слаб југоисточен ветер. Преку ноќта од запад ќе започнат умерени врнежи од дожд.

Дневната температура ќе се движи во интервал од 14 до 19 степени.

Во Скопје претпладне магливо, а преку денот променливо облачно со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 16 степени.

Поврзани новости