Премиерите на Македонија и Словенија договорија продлабочување на соработката во сите области

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, по Самитот за Западен Балкан, синоќа, во Трст, имаше билатерална средба со премиерот на Словенија, Миро Церар.

Како што соопшти Владата, Церар оценил дека премиерот Заев води храбри и мудри политики, што е поздравено како отворање пат за интеграциите на Македонија кон НАТО и кон ЕУ.

-Владата работи на амбициозен реформски План 3 – 6 – 9, којшто е важен за евро-интеграциските процеси, но исто така и за економска стабилизација на граѓаните, претпријатијата и на државата. Се посветивме и на градење јасни и видливи, искрени, добрососедски односи, затоа што само преку пријателска регионална соработка, државите од регионот ќе бидат третирани како сериозни партери од меѓународната заедница. ЕУ и НАТО ја препознаваат добрата волја на Македонија и на земјите од соседството и оваа позитивна клима на доверба треба да се оправда, во интерес на добри перспективи за нашите граѓани, рече премиерот Заев.

На средбата, премиерите на Македонија и на Словенија договорија продлабочување на соработката во сите области, посебно во економијата. Има согласност да се организира средба на премиерско ниво заедно со претставници на бизнис заедниците во двете земји, со цел дополнително да се поттикнат комапниите дека постојат услови за поинтензивна економска соработка и развој на бизнисите

Поврзани новости