Димитров утре во посета на Ватикан

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре ќе престојува во работна посета на Ватикан.

Како што соопшти МНР, на средбата со својот домаќин, секретарот за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер, се очекува да бидат опфатени потенцијалите за продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји која изминативе две децении ја карактеризираат заемна почит и поддршка, во духот на меѓусебното разбирање и споделувањето заеднички културни, религиски и цивилизациски вредности.

Поврзани новости