Пред Кривичниот суд повторно се собираат поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Повторно почнаа да се собираат граѓани пред Кривичниот суд по обвиненијата што вчера ги покрена Специјалното јавно обвинителство.

Поради постоење можност за протести и околу Законодавниот дом може да се забележи зголемено присуство на специјални полициски единици.

Синоќа по распоредувањето на предметите, пред Кривичен се собраа од 200 до 300 поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и извикуваа “Нема да ви помине” и “Македонија, Македонија”.

Овој суд ќе одлучува за барањата за притвор и мерки за претпазливост за повеќе поранешни министри и функционери од ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и за поранешниот премиер Никола Груевски.

Поврзани новости