Иванов денеска и утре на работна посета во Дубровник

by fokus

Претседателот Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Хрватска, каде ќе учествува на самитот на шефови на држави и на влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Дубровник.

Иванов денеска ќе има обраќање на пленарна сесија на самитот и ќе оствари средба со претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, додека пак утре ќе се обрати на „Дубровник форум 2017“, што се одржува на тема „Јадранско-медитеранска соработка и безбедноста на Југоисточна Европа“.

На самитот на шефови на држави и на влади на ПСЈИЕ, чиј домаќин е Република Хрватска, најавено е учеството на претседателот на Словенија, Борут Пахор, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, претседателот на Косово, Хашим Тачи, како и на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Поврзани новости