Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за реформски закони

by fokus

Без расправа, реплики, контрареплики или било какви процедурални забелешки денеска во Собранието беа донесени неколку законски измени кои спаѓаат во групата на реформски закони за кои што власта и опозицијата се договорија преку процесот „Жан Моне“. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа „за“ овие закони иако пред само неколку дена рекоа дека го замрзнуваат процесот „Жан Моне“, поради истражната постапка против поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои се сомничат за организирање на упадот во Собранието.

Со 60 „за“ и ниту еден против беше изгласано изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации по скратена постапка, а поднесен од Хари Локвенец, Артан Груби, Емил Димитриев.

Беа изгласани предлог на закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, по скратена постапкапредлог на закон за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција, по скратена постапка; (Поднесен од: Хари Локвенец, Артан Груби, Емил Димитриев), предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, по скратена постапка; (Поднесен од: Горан Мисовски, Соња Мираковска, Горан Милевски, Ејуп Алими).

Точката за интперелација на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, беше прескокната, но се очекува пратениците да и се навратат откако седницата ќе продолжи во попладневните часови.

Поврзани новости