Зекири: Фаворит на Џафери беше унапреден во генерал еден ден по седницата

by fokus

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, се сомнева дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, и претседателот, Ѓорге Иванов, имале договор, како што вели, за имунитетот на Трајко Вељаноски.

Тој тврди дека Бесник Емини, кој наводно е под покровителство на Талат Џафери, бил унапреден од офицер во генерал, а указот за негово унапредување претседателот, Ѓорге Иванов, го потпишал на само еден ден од седницата на која, спротивно од очекувањата, не беше симнат имунитетот на Вељаноски.

-Јас само прашав дали е тоа така. Како што знам тој долго време одбивал да потпишува било што, а веднаш после седницата го унапредил фаворитот на Џафери. Во ДУИ од друга страна имале некој друг фаворит, додека Емини бил фаворит на Џафери. Освен тоа спорно е што Иванов унапредува луѓе, а веќе се распишани избори – вели Зекири за „Фокус“.

Тој го коментира и гестот на претседателот на интегративците, Али Ахмети, кој по вчерашната средба со Заев, проговори на македонски јазик, откако се споменаа изјавите на Зекири во новинарско прашање.

-Очигледно е изнервиран и не му е сеедно тоа што го зборам. Јаз никогаш не зборам без факти и аргументи. Им ја кажав вистината и ги погодив, тоа нив ги боли – вели Зекири.

Поврзани новости