Познати судиите кои ќе одлучуваат за предметите на СЈО

by fokus

Откако Судот денеска ги прими сите обвиненија од СЈО, направена е распределба на предметите кај судиите.

За обвиненијата по предметите Тотал, Тревник, Тифани, Титаник и Тортура ќе решава судијката Моника Бахчовановска. Судијката Лидија Петровска ќе постапува за предметот Тарифа, а судијата Горан Бошевски за Трезор и Тенк. Судијката Верка Петковска ќе постапува за предметот Титаник-2, а Ленка Давитковска за Топлик. Судијата Ивица Стефановски ќе решава за обвинителниот акт за предметот Тендери. За ТНТ и Траекторија надлежна е судијката Татјана Михајлова.

Надлежноста на судиите е направена преку автоматска распределба.

Поврзани новости