Томислав Кежаровски ќе го тужи Никола Груевски

by fokus

Новинарот Томислав Кежаровски денеска најави дека ќе поднесе тужба против поранешниот премиер Никола Груевски. Тужбата ќе ја поднесе бидејќи на денешната прес конференција, Груевски алудирајќи на учесниците на Шарената револуција, ги нарече „уличари“ и „послушници на Заев“.

Кежаровски ја објави својата намера на Фејсбук, а за „Фокус“ ја потврди.

-Тој, како учесник во протестите против режимот, ме нарече ПОСЛУШНИК НА ЗАЕВ и УЛИЧАР. Груевски во судница ќе треба да докаже дека сум послушник на Заев и дека сум УЛИЧАР, вели Кежаровски.

Тој ги повика сите кои се чувствуваат навредени од изјавата на Груевски да се придружат и да се приклучат кон тужбата.

Катерина Смилева

Поврзани новости