Потпишани повеќе договори за билатерална соработка меѓу Скопје и Атина

by fokus 13:16
13:16

Премиерите на Република Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас и министри од двете влади денеска во Скопје потпишаа повеќе договори за интензивирање на билатералната соработка.

Заев и Ципрас во рамки на зедничката седница на Високиот совет за соработка меѓу двете земји, потпишаа акциски план за зајакнување на сеопфатната соработка согласно Договорот од Преспа.

- Advertisements -

Договор за соработка во сферата на одбраната помеѓу министерствата за одбрана на Република Грција и Република Македонија потпишаа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и незјиниот грчки колега, Евангелос Апостолакис.

Меморандум за соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања и грчкото МНР за забрзување на процесот на интеграцијата на Република Македонија во ЕУ, потпишаа вицепремиерот за европски прашња Бујар Османи и заменик министерот за надворешни работи на Грција, Ксија Анагстополоу.

Меморандум за разбирање помеѓу министерствата за транспорт и врски на двете земји потпишаа ресорните министри Горан Сугаревски и Христос Спирцис.

Сугаревски и Спирцис потпишаа и меморандум за разбирање за развој на патното и железничко поврзување на рутата Солун – Скопје – Табановце. Потпишан е и меморандум за соработка во сферата на транспортот, како и меморандум за соработка во енергетиката меѓу компаниите МЕР и ДЕСФА.

Договор за отворање на нов граничен премин меѓу двете земји за поврзување на Мајдан и Промахеј во Грција, потпишаа заменикот МНР, Андреј Жерновски и грчкиот алтернативен МНР, Ксија Анагстополоу.

Поврзани новости