Затворски лекар: За Бошкоски интервенираше и Брза Помош

by fokus

По затворскиот психијатар и затворскиот општ лекар Николче Пиловски, сведочеше на денешното судско рочиште за случајот „Тортура“, а во врска со здравствената состојба на Љубе Бошкоски во 2011 година кога беше притворен.

Лекарот рече дека во истражниот затвор „Скопје“ веднаш го прегледал Бошкоски штом бил притворен.

-Психички беше растревожен, анксиозен. Пробав да го смирам со разговор бидејќи беше многу  вознемирен. Затоа веднаш го известив затворскиот психијатар и му посочив дека е депресивен, рече докторот.

На прашањето дали тоа е вообичаената здравствена состојба на луѓето кои се во притвор, докторот посочи се случува луѓето да се вознемирени, но кај Бошкоски било со поголем интензитет од вообичаеното.

Тој посочи дека поради тахикардија Бошкоски бил упатен на дополнителни прегледи на Кардиологија, а додаде дека интервенирала и Брза Помош.

На денешното рочиште за „Тортура“ е предвидено да сведочи уште еден сведок. Во овој случај обвинет е екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и уште неколку полициски службеници за нечовечното апсење на Бошкоски.

В.В.

Поврзани новости