Поставен нов споменик во Скопје: Пералница за пари! – Да живее Македонија, да живее Белизе!

by lali

„Ние како власт сме скромни и никогаш не сме сакале да се позиционираме на постаменти и државни обележија затоа што се уште веруваме дека имаме уште многу да земеме од народот пред тоа да го направиме, но по барање на народот сега ќе поставиме еден споменик кој ќе го одбележи и прикаже нашето најголемо значение на власта. СПОМЕНИК ПЕРАЛНИЦАТА НА ПАРИ!

Почитувани граѓани, овој споменик е симбол на нашето неуморно 24/7 работење, на нашата посветеност да испереме што повеќе пари затоа што со валканите пари од мрачните сили Македонија не може да оди напред. Овој споменик е обележије на 5те милијарди долари што ги исправме и ги изнесовме од Македонија за кога ќе се отселите да имате нешто и во странство.

Само љубоморните и лошите ќе кажат дека со овие пари можевме да изградиме нови болници, нови училишта, нови автопати, со овие пари да вработиме нови луѓе, да изградиме нов ситем на вредности, но тоа народе се злонамерни критики и неосновани обвинувања што треба да ги земете со резерва. Ние тие пари ги заслуживме затоа што вие нас не одбравте, а според политиката која сите овие 10 години ја водиме, одлучивме вашите пари да ни прпаднат нам и затоа со гордост и го поставуваме овој споменик кој ќе биде и остане белег на нашето владеење.

Се надеваме дека во идинина ќе продолжиме со исто темпо додека не не затворат сите и додека не ги вратиме парите назад. Но не е се во парите, ако треба и ќе ги вратиме, ама украдената љубов не се враќа, и тоа секој треба да го знае!“ – се вели во соопштението од Министерството за Култура на Република Македонија.

 

Напомена: Вестите се измислени и сатирични и служат како пародија од моменталните збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни.

Поврзани новости