Обоена и оградата на Владата

by Фокус

По фрлањето балони со боја врз зградата на Антикорупциската комисија, демонстрантите се упатија кон Владата. Таму бидејќи не можеа да дофрлат во владината зграда, ја бојадисаа скоропоставената нова барокна ограда. Бојата стигна и до неколку полицајци кои беа од внатрешната страна на оградата.

До Владата шарените револуционери стигнаа марширајќи пред Министерството за надворешни работи и преку мостот Гоце Делчев. Фокус на денешниот протест беше корупцијата, а како наголема пералница на пари беше посочен проектот „Скопје 2014“.

Поврзани новости