Полицијата откри 26 мигранти на патот Гевгелија-Скопје

by fokus

Вчера во 12 часот, од страна на мешовит патролен тим од полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, на автопатот Гевгелија-Скопје бил забележан автомобил „рено еспејс“ со велешки регистарски ознаки, при што на даден знак возачот да го запре возилото, истиот ја зголемил брзината и се упатил кон село Миравци, каде се обидел да побегне.

Полицијата го привела лицето С.М.(35) од село Бузалково, велешко, а при контрола, во неговиот автомобил пронашла 12 мигранти. Возачот е предаден во полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Утрово на граничен премин Богородица за влез во Македонија во товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Т.(63) од Србија, со место на живеење во Скопје, откриени се 14 илегални мигранти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости