Бујар Османи од утре во работна посета на Естонија

by fokus

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, од утре ќе престојува во работна посета на Република Естонија, каде ќе оствари средба со Министерот за надворешни работи на Естонија, Свен Миксер, со кого ќе разговара за приоритетите на естонското претседателство со Советот на Европската унија до крајот на годината, политиката на проширување како и за евроинтегративниот процес на Република Македонија.

За време на работната посета Османи ќе оствари и средби со Клен Јарац, директор на канцеларијата за европски прашања при Владата на Република Естонија, со Томас Витсут, претседател на Комисијата за европски прашања при естонскиот парламент, како и со Ерик Нилс Крос, претседател на парламентарната група помеѓу Република Македонија и Република Естонија.

Тема на овие разговори ќе бидат билатералната соработка, регионалната соработка, проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан како и унапредување на меѓусебните односи на Република Македонија и Република Естонија.

Поврзани новости