Полицаец прво ја уценувал, а потоа ја нападнал љубовницата

by Фокус

Жена од тетовско пријавила дека била уценувана и физички нападната од лицето Ф.А. – полициски службеник во Полициското одделение Камењане, поради тоа што не сакала да ја продолжи врската со него.

Според пријавата, жената ја прекинала врската со Ф.А. пред една година и оттогаш одбивала да се сретне со него, но пред една недела, додека била во угостителски објект, пријавениот и се заканил дека ќе ги објави нивните заеднички фотографии и видеа и дека ќе каже на нејзиниот татко и нејзииот сопруг дека му била љубовница.

„На 13.10.2018 година околу 12.50 часот, додека жената била на работа, дошол Ф.А. и физички ја нападнал. За случајот веднаш е запознаен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости