Ѓорѓиевски: Лице блиско до СДСМ избодело со нож две лица, едно се бори за живот!

by Фокус

Пред недела дена во кафе бар во Драчево од страна на лице блиско до власта како последица на банална расправија се избодени со нож две лица, од кои едното се бори за живот, изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека оваа информација со јавноста е споделена неколку дена по случката.

-Настанот кој се случил на 7 октомври, во билтен на МВР е објавен на 10 октомври. Цели 3 дена подоцна. Нападнатите кои се здобиле со тешки телесни повреди по настанот се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Едно од лицата кое што се борело за живот и има тешки телесни повреди, кои се животно загрозувачки. МВР под контрола на Спасовски реагирала цели 3 дена по случајот, при што до ЈО поднело кривична пријава за насилство, а не за обид за убиство. Оливер Спасовски мора да одговори кој и зошто го криел настанот цели 3 дена? Кое е лицето напаѓач и дали неговата блискост со СДСМ е причината за односот на полицијата кон овој случај?”, вели Ѓорѓиевски.

Според него, безбедносната состојба е драматично нарушена, а власта не може да воспостави контрола и да ја гарантира безбедноста на граѓаните туку се обидува преку медиумски мрак да ги сокрие случаите од пошироката јавност.

Поврзани новости