Тројца побарале снимки од газда на хотел за да видат кој удрил во паркирано возило, а еден од нив извадил нож

by Фокус

Три непознати лица влегле синоќа по полноќ во хотел во Скопје и од вработената и сопственикот побарале да им биде прикажана снимката од безбедносната камера, за да видат кое возило удрило во нивното возило, кое било паркирано пред хотелот и го напуштило местото.

„Сопственикот на хотелот на сопственикот на возилото му кажал дека нема можност во текот на ноќта да ги провери снимките и дека ќе мора тоа да го направи преку ден. Сопственикот на возилото се согласил, но едно од другите две лица извадило нож и се обидело да го нападне сопственикот на хотелот. Во намерата бил спречен од другите две лица, по што сите заедно заминале“, стои во полицискиот билтен.

Поврзани новости