По прогласот на Груевски, демонстрантите се разотидоа

by fokus

Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечева пред седиштето на Државната изборна комисија најави дека нема да ги прифатат нејзините одлуки и дека нема да дозволат прегласување во спорните единици, членовите на партијата кои неколку денови протестира пред ДИК, мирно се разотидоа.

ВМРО-ДПМНЕ изминативе денови протестираше пред ДИК за да не дозволи да се прифатат приговорите поднесени од СДСМ и БЕСА.

Откако ДИК прифати еден приговор на БЕСА и одлучи да има прегласување во спорното избирачко место во Гостивар, Груевски излезе и порача дека нема да ги прифатат тие резултати.

Инаку, со оглед на тесната разлика во бројот на гласови, со прегласувањето во ова избирачко место може да дојде до промена во бројот на мандати во шестата изборна единица во корист на СДСМ.

Поврзани новости