Груевски сам против сите

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски предмалку излезе пред седиштето на Државната изборна комисија за да порача дека нема да ги прифати нивните одлуки и нема да учествува во прегласувањето во спорните изборни единици. Ваквите одлуки според Груевски се диригирани од неговиот ривал Зоран Заев, со помош од „одредени странци” на кои им порача дека нема да им дозволи да се мешаат во државата.

-ДИК донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот. Работата на ДИК се претвори во пародија, имаме информации за вмешување на странски претставници со цел влијание на некој од членовите на ДИК, а во правец на постизборен инженеринг и фалсификување на изборната волја на РМ.

Некои од независните претставници на ДИК не се независни, незаконските одлуки на ДИК може да ги корегира Управниот суд, повикуваме да не се врши никаков притисок од страна и врз судот. Доколку и Управниот суд ја фалсификува слободно извразената волја, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување, рече Груевски пред ДИК.

Инаку, на вчерашните доцни средби со амбасародите на САД и ЕУ во Македонија, Груевски рекол дека нема да ги прифатат одлуките на ДИК, со кои можно е да има прераспределба на мандатите. Доколку тоа се случи, Груевски се закани дека ситуацијата може да ескалира, бидејќи како што објасна, револтот кај народот не можел да го контролира.

Поврзани новости