Реал Мадрид ќе игра ново финале во ЛШ

by Fokus

Невидена драма, невиден пресврт и на крајот експлозија од славје на „Бернабеу“!

Фудбалерите на Реал Мадрид го добија драматичниот реванш од полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн на „Сантијаго Бернабеу“ со 2:1 и по ремито минатата недела во Минхен, го закажаа финалето со Борусија Дортмунд на „Вембли“.

По нерешените 2-2 во Германија, баварците имаа и предност дваесетина минути на „Сантијаго Бернабеу“ со голот на Дејвис.

Сепак, џокер од клупата на Реал беше напаѓачот Хоселу кој двапати се најде на вистинското место во вистинското време и го матира Нојер за одличен пресврт.

Бекот на Баерн се снајде како врвен голгетер и погоди за 0-1 во 68. минута.

Јасно беше дека Анчелоти ќе фрли сè на карта напад, а тоа на крајот му се исплатеше на тимот од Мадрид.

Баварците не искористија неколку меч-топки, па следеше казната.

Хоселу прво донесе израмнување во 88. минута.

Судијата одреди девет дополнителни минути, а во првата „Кралевите“ дадоа и втор гол. Повторно Хоселу на асистенција од Рудигер.

Реал ќе игра ново европско финале, во кое за ривал ќе ја имаат екипата на Борусија Дортмунд.

Поврзани новости