По две недели во Кина регистриран прв “домашен” случај и пет увезени

by fokus

Кина по цели две недели регистриран е „домашен“ случај на заболен со ковид-19. Заразеното лице е од островот Хаинан и изминатиов период не патувал никаде во странство.

Во изминатите 24 часа пак регистрирани се вкупно шест новозаболени од кои пет увезени случаи на ковид-19 односно лица кои допатувале од странство.

Според последните податоците на Националната здравствена комисија во Кина се заразени вкупно 83.036 лица.

Кинеските власти тврдат дека го запреле ширењето на вирусот ковид-19 на нивна територија, но оти повремено ќе се појавуваат нови жаришта.

Земјата почна да ги олеснува и рестриктивните мерки како и ограничувањата за движење. Но, зголемено е вниманието кон сите оние кои влегуваат во Кина и оние кои потенцијално би можеле да го донесат вирусот од други земји.

Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус во Кина е 4.634, а на оздравени 78.332 пациенти.

Поврзани новости