МВР: Уапсени се 15 граѓани кај Бит Пазар за непочитување на полицискиот час

by fokus

На подрачјето на Бит Пазар вечерва биле уапсени 15 граѓани кои не го почитувале полицискиот час, информираат од МВР.

-Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска на подрчјето на ПС ОН Бит Пазар од 19 до 20 часот лишени од слобода се 15 лица кои не ја почитувале забраната за движење, и тоа на улиците Методија Митевски, Емин Дураку, Вуковарска, Панче Неделковски, Лазо Трповски и Никола Карев.

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни контроли на територијата на целата држава со цел санкционирање на непочитувањето на мерките за справување со Ковид 19.

Апелираме граѓаните да ги почитуваат овие мерки и заеднички да придонесеме во спречување на ширењето на коронавирусот, велат од МВР.

Поврзани новости