Тодоров: Да сум на чело на ВМРО-ДПМНЕ веднаш би повикал на брзи избори

by fokus

Екс-министерот за здравство, Никола Тодоров, со сугестија до сопартиците. Опозицијата треба да бара избори веднаш, за да победи. Избори што поскоро. Ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ, кој и да победи, не може сам да се справи со ковид 19 и економската депресија, порача Тодоров за Трилинг.

Тој додава дека доколку го води ВМРО-ДПМНЕ, би повикал на брзи избори, би победил и би го повикал поразениот да дојде во влада.

-Не ја застапувам тезата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, туку ја застапувам мојата теза. Сметам дека треба да има избори што побрзо поради државата, ниту поради СДСМ, ниту поради ВМРО-ДПМНЕ, вели Тодоров.

Во однос на тоа дали граѓаните ќе бидат колатерална штета на политичките игри на двете најголеми партии во државава, тој вели дека овде се работи повеќе за меѓусебна борба на „политичка живот или смрт“.

– Тоа е многу сериозно. Ние не сме во таков момент во државата за така да се бориме и така да се поделиме меѓу себе. Мораме да ја водиме оваа војна. Битка една добивме, сега треба да ја добиеме и втората. На граѓаните не им е битно дали е крив Венко Филипче или Наќе Чулев. Битно е што има над 100 заболени дневно и што сите се враќаме во една панична ситуација за нашето здравје, вели екс министерот.

Поврзани новости