Петров, новиот директор на Државен архив за „Фокус“: 90 отсто од канцелариите во Архивот немаат прозорци

by Fokus

Кирил Петров, новиот директор на Државниот архив, кој дојде на местото на досегашниот Филип Петровски денеска за првпат седнал на директорското столче, откако е избран на новата функција.

Тој во изјава за „Фокус“ вели дека неговиот претходник Петровски воопшто не се појавил на старото работно место за да извршат примопредавање на функцијата. Петровски додава дека условите за работа во Државниот архив се мизерни.

– Дури 90 отсто од канцелариите немаат прозорци, условите за работа се страшни. Вработените уште претходно покренале иницијатива да се вратат во старата зграда, која ги исполнува сите услови. Овде ќе биде тешко за работа, посебно летниот период – истакна Петров за „Фокус“.

Петров доаѓа од партијата Нова Алтернатива на Ѓорѓи Оровчанец. Тој по професија е адвокат и досега немал никакви раководни функции. За целото свое време, Петров работел на својата професија.

И.М.

Поврзани новости