Пет години изработувал фалс свидетелства, пресуди, лични карти, возачки дозволи

by Fokus

По примена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека повело постапка против едно лице за сторени кривични дека  „фалсификување исправа“ и  „изработување и набавување на оружја и средства наменети за извршување на кривично дело“.

Осомничениот откако набавил предмети – соодветна опрема за кои знаел дека се наменети за извршување на кривично дело со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело „Фалсификување на исправа“. Во периодот од 2012 до 2017 година осомничениот изработувал разни јавни исправи со невистинита содржина и тоа, лични карти, возачки дозволи, свидетелства за завршено средно образование, судски решенија, пресуди, договори за купопродажба на моторно возило, медицинска документација и слично. Исправите ги изработувал на лажни обрасци, како да се издадени и заверени со печат и потпис од државни и јавни институции од државата. Целта била фалсификуваните јавни исправи натаму да се користат од страна на наши државјани и странци, како вистинити во правниот промет во Република Македонија и во странство“, соопшти ОЈО.

Доставен е предлог за определување на мерката притвор за осомничениот.​

Поврзани новости