Пендаровски: Без опструкции од опозицијата Македонија во ЕУ може да влезе и пред 2030 година

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски вели дека без опструкции од опозицијата Македонија во ЕУ може да влезе и пред 2030 година. Според него изјавата на Макрон не е нова и дека тој за внатрешното преуредување на ЕУ зборувал уште пред пет години, но никаде не изјавил дека Западен Балкан треба да чека и да не влезе во ЕУ додека трае реформирањето.

Потврда за тоа, според Пендаровски е и изјавата на француската министерка за Европа Лоренс Бун.

-Без внатрешни опструкции Македонија може да стане членка на ЕУ и пред рокот од 2030 година  и дека потврда за тоа се зборовите на француската министерка за европа Лоренс Бун. Јасно е или си за Европа или си против Европа.  Имаме седум народи и делови од народи во Уставот, проблем ли е да се стават уште шест!? Како тоа  ќе ја загрози Македонија?. Ако имаше политички причини чекајќи ги следните избори да дојдеш на власт па после да мислиш на Европа и двотретинско мнозинство тоа не е стратешко размислување, тоа е партиско размислување и е против интересите на Македонија, изјави Пендаровски.

Тој ова го кажа во одговор на новинарско прашање дали очекува опозицијата и натаму да остане против измените на Уставот по изјавите од францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел.

-Ако барате изговор поради домашни политички причини зошто не гласате за продолжување на патот на Македонија кон ЕУ и велите ние сме спремни да гласаме за ЕУ само Макрон не не сака тоа е друго. Да бидеме прецизни, да бидеме реални, да бидеме фер кон нашите евроспки пријатели, изјави Пендаровски.

 

Поврзани новости