Откако скопјани си заминаа, охриѓани прават темелна дезинфекција

by fokus

Откако стотината викендаши утринава си заминаа од Охрид, возила на ЈП „Охридски комуналец” почнаа со темелна дезинфекција на градот.

„Согласно препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција од коронавирусот екипите на ЈП ‘Охридски Комуналец‘ утрово извршија дезинфекција на јавните површини во градот. Со средство за дезинфекција се изврши миење на улиците во централното градско подрачје, градскиот кеј и Чаршијата”, напиша на својата Фејсбук страница градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Поврзани новости