Чулев: Се уште се анализираат снимките од кафеаната на „Боемска“

by fokus

Се уште се анализираат снимките од кафеаната на „Боемска“, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, на денешаната прес конференција.

Пред неколку дена во оваа кафеана лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, седеше во затворен дел, спротивно на протоколите.

„До секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика стигнат е дивиарот заедно со дискот и во моментов се врши анализа. Како што бев информиран во најкраток период ќе се излезе со вештачењето, со анализа на видео материјалот, и јавноста ќе биде информирана јавноста“, рече Чулев.

Тој додаде дека од снимките ќе се утврди дали има одговорност и за други лица, освен за кафеаната.

Мицкоски во кафеаната бил со поранешниот директор на УБК, Љупчо Андоновски.

Министерот, пак, вели без разлика на тоа, ако треба ќе има одговорност.

-Без разлика дали е функционер, припадник на МВР или политичар ќе се преземат мерки и ако има основ ќе се поднесат соодветни пријави, рече Чулев.

Поврзани новости