Османи: Проектот Албанец за премиер е за рушење на последното табу, се уште има места каде што Албанците не можат да пристапат

by fokus

Проектот за Албанец премиер не е ад хок идеја на ДУИ, туку важно парче од мозаикот на стратегијата на ДУИ за постигнување целосна еднаквост, и треба да се заврши со рушење на последното табу, последното место на отпор за другите заедници да бидат позиционирани, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

„Во оваа држава сите сме еднакви, секој има право да биде избран и да избира. И оттука идејата е да се избере првиот премиер Албанец, премиер на еднаквоста којшто ќе ги сруши сите стереотипи и табуа дека во оваа држава сè уште постојат места каде што Албанците не можат да пристапат“, рече Османи.

Тој посочи дека ова било најавено уште во 2009 на конгресот на партијата кога Али Ахмети спомнал 12 позиции во државата кои се недопирливи за Албанците меѓу кои и народниот правобранител, претседателот на Собранието, шремиерот на државата, претседателот на државата.

Тој очекува за оваа идеја поддршка не само од албанските граѓани и албанските политички партии и организации, туку, вели, и од македонските граѓани и партии кои не сакаат да ја видат државата како место каде што сè уште постојат предрасуди и етнички монопол.

Поврзани новости