Општина Центар ќе ги брка дивите препродавачи од тезгите на Зелен Пазар

by fokus

Општина Центар бара од лицата кои вршат незаконска продажба околу зелен пазар да ги отстранат своите имровизирани тезги.

Доколку не го сторат тоа од општината најавија дека ќе се делува огласно законските прописи и ќе се изрекуваат казнени мерки.

Како што соопштуваат од Општина Центар, овие активности се преземаат по барање на жителите од околината.

„Овие импровизирани тезги беа поставени над тротоарите и тревниците. Жителите до градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, се пожалија и на нехигиената од ѓубрето кое го оставаат зад себе дивите пазарџии, како и блокираните пристапи до домовите, подрумските простории, гаражите и блокираните тротоари и улици“, се вели во соопштението.

Поврзани новости